Фетаи ја ослободи Рангелова од обвинението за „Насилство во Општина Центар”

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Обвинителството се откажува од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, изјави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Обвинителката Фетаи го прочита прочистеното обвинение, според кое првообвинетиот Никола Груевски на 1 јуни 2013 година телефонски од второобвинетиот Миле Јанакиески побарал преку лицето Томислав Лазаров да организира група луѓе од централните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега осудениот Томислав Лазаров, кој призна вина, посочи таа, дал насоки поголема група да се организира и спречи пристигнувањето на градоначалникот Андреј Жерновски во општинската зграда, а под образложение дека ќе се гласа против изградба на црквата Св. Константин и Елена, која не била ниту на дневен ред.

– Груевски заедно со Јанакиески преку Лазаров ги поттикнале лицата Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Димче Крстев, Вангел Трифуновски, Митко Пецев (веќе осуден), Трајче Петковски и Игор Бошковски градоначалникот Андреј Жерновски да добие неколку шамари и биде исплашен од десетина лица на протест, посочи Фетаи.

Конечно, тоа што двајцата телефонски договараат, и се случува на 7 и 10 шестти 2013 година.

– Не само што протестираат, туку и ја кршат оградата и прозорците на општинската зграда. Единствено нешто што не се случува е тоа што загрижен граѓанин не удрил шамар на градоначалникот. Ова е единствено отстапување од замисленото дело. Настаните кои следуваат, само ја потврдуваат автентичноста на разговорот, изјави Фетаи.

Адвокатите од одбраната реагираа дека се прави повреда на постапката со продолжувавање на  завршни зборови, по суштинска измена на обвинителен акт и бараа тоа да биде ставено на записник.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

реклама

Македонија

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе