Фетаи не е задоволна од пресудата за „Насилство во Центар“, Обвинителството ќе поднесе жалба

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека не е задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција за обвинетите во случајот „Насилство во Центар“ и најави дека Обвинителството ќе подне жалба на пресудите.

– Не сум задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција. Сметав дека алтернативна мерка условна осуда доаѓа предвид само за осудениот Игор Бошковски, тоа и го кажав во завршниот збор. За другите обвинети сметав и сè уште сметам и затоа ќе се жалам дека освен казна затвор не доаѓа предвид друг вид на кривична санкција, изјави Фетаи одговарајќи на новинарско прашање пред Кривичниот суд. 

Се работи, додаде таа, за суштинско менување на обвинението, технички измени и прецизирање во однос на работи кои не ја менуваат суштината на обвинението, не се работи за ново обвинение. 

-Во однос на денес донесената пресуда можам да кажам дека сум делумно задоволна од делот со кој е утврдена кривична одговорност на страна  на обвинетите за кои Обвинителството остана на обвинение. Тоа исклучиво зависи од умешноста на јавниот обвинител надвор од разумно соменавање да ги докаже кривичните дела и дејствијата кои им се ставаат на товар на обвинетите. Тоа нешто Обвинителството и го направи во овој случај, рече обвинителката Фетаи.

Таа најави дека во однос на кривичните санкции ќе има жалба од страна на Обвинителството, заради тоа што смета дека судот ги преценил олеснувачките околности кои стојат на страна на обвинетите  на сметка на отежнувачките. 

-Не е тоа дека нема докази против некого, ако внимателно го слушавте мојот завршен збор и таму во однос на Даниела Рангелова, кажав дека ова обвинение е поднесено во скратена постапка, во скратена постапка не постои обврска јавниот обвинител да ги испитува двете страни, туку обвинението беше поднесено исклучиво врз основа на исказите кои беа дадени од страна на оштетените, истакна Фетаи. 

Во самиот Закон за кривична постапка, како што појасни, предвидено е водење на јавна расправа каде двете страни ги спротивставуваат своите аргументи, постои можност секоја страна да ги испрашува сведоците на другата страна и на тој начин постои можност да се смени целата слика, односно да се добијат детали за дејствијата преземени од страна на секој од обвинетите.

-Бидејќи доказите кои беа изведени во текот на главната расправа упатија на поинаква слика во однос на дејствијата на Даниела Рангелова и од тие причини како Обвинителство се откажавме од обвинение против нејзе, рече Фетаи.  

Додаде дека периодот од четири години што цело време се спомнува, динамиката на водење на судењето не ја определува јавниот обвинител. – Ние секогаш сме биле присутни на судењата, никогаш не сме ги злоупотребиле нашите права што ни припаѓаат согласно закон во насока на одолговлекување на постапката, можеби еднаш до два пати се случило ние да отсуствуваме поради случаите со СЈО, нагласи обвинителката Фетаи.

Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски денеска беше осуден на казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе