Фетаху: Нема никаков проблем јас како Македонец да бидам претседател на Албанија

Професор доктор Кимет Фетаху гостувајќи во емисија на албанската национална телевизија ABC News зборуваше за неговата кандидатура за претседател на Република Албанија, како предлог на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Фетаху зборуваше и за своето македонско потекло од село Требиште, област Голо Брдо и положбата на Македонците во Албанија, за неговата професионална кариера како универзитетски професор и општественик и за предизвиците со кои се соочува албанското општество.

– Јас сум 40 години професор и сум подготвил една цела армија академски граѓани во Албанија од сите етнички заедници. Продолжувам и понатаму да бидат професор на Факултетот за геологија и рударство, да подготвувам нови генерации. Затоа сметам дека нема никаков проблем, јас како Македонец да бидат претседател. Па нели во Македонија потпретседател на Влада е Албанец, изјави професор доктор Фетаху.

Додаде дека поканата на партијата, во која бил секретар, да биде кандидат за претседател на државата, ја смета за чест и високо вреднување, за што е благодарен.

Според него, претседателската функција треба да им се врати на академиците.

– И претходно имаше претседатели универзитетски професори, како Бамир Топи и Реџеп Мејдани. Мислам дека претседателската функција треба да им се врати на академиците, зашто сметам дека треба да се врати социјалниот мир, како на пример урбаниот развој придружен со соодветна инфраструктура, рече Фетаху.

Од МАЕИ велат дека проф. д-р Кимет Фетаху  е почитувана личност во Албанија со професионален и личен интегритет, без политички товар и како аполитички кандидат е најсоодветна личност да биде новиот шеф на државата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе