Фетел: На Мерцедес им се посреќи со тактиката
Германецот смета дека тимот на Мерцедес имал доста среќа со ризичниот потег на Хамилтон само еднаш да ги промени гумите.
„Доколку сме искрени, и покрај стратегијата ние ја немавме потребната брзина за да извојуваме победа. Луис немаше што да загуби, затоа проба и му успеа. Очекувавме гумите да се истрошат, но тој помина добро иако имаше значително повеќе извозено со нив“, рече Фетел.
Фетел синоќа во Мексико заврши втор со задоцнување од секунда и 766 стотинки зад Хамилтон.
„Постојат вакви денови кога едноставно ќе ти се исплати, така што не беше баш само знаење. Не загубивме на стратегија, туку им се посреќи со тактиката и второ, мислам дека беа и малку побрзи“, сепак призна Германецот.
„Тоа што на Валтери не му успеа истото како Хамилтон покажува колкав беше ризикот на Мерцедес“, заврши тој.
Коментирај