Фетел на скутер во потера по крадци во Барселона

Ф1
МИА
/ 24.05.2022 / 11:29

Поранешниот светски првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, бил ограбен во Барселона по што самиот со електричен скутер тргнал во потера по крадците, јавија шпанските медиуми.

Локалната полиција потврди дека четирикратниот светски првак минал неповреден во инцидентот, а разбојниците украле ранец од неговиот автомобил.

Грабежот се случил во центарот на градот пред хотелот во кој возачот на Астон Мартин престојувал за време на трката за Големата награда на Барселона изминатиот викенд.

Според шпанските медиуми, Фетел го оставил отворен прозорецот во својот автомобил што разбојниците го искористиле и му го украле ранецот.

Германскиот возач во Ф1, меѓутоа, со електричен скутер тргнал во потера по крадците, откако успеал да ја утврди локацијата на украдениот предмет со помош на слушалки кои биле во ранецот.

Слушалките биле пронајдени фрлени од возилото, а се претпоставува дека крадците сфатиле дека можат да бидат лоцирани.

Случајот е пријавен во полиција која отворила истрага.

Фетел во неделата го освои 11-тото место на ГП на Барселона, а во генералниот пласман сезонава во Ф1 е на 14-тото место.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Ф1

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more

Формула 1 ги зголеми приходите на дури 3,2 милијарди долари

Read more
 

Спорт

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе