Фетел наредната сезона ќе вози за Астон Мартин

Ф1
Ф.З.
/ 10.09.2020 / 11:55

Четирикратниот шампион на Ф1 во сезоната 2021 ќе се натпреварува за тимот на Астон Мартин, кој е всушност Рејсинг Поинт со ново име.

По шест сезони во Ферари завршува љубовта помеѓу италијанскиот тим и германскиот возач откако тимот одлучи да не му понуди нов договор. Сега Себастијан Фетел потврди дека во наредната сезона ќе има нов клуб и тоа клуб кој се ребрендира.

Рејсинг Поинт беше купен од канадскиот милијардер Лоренс Строл, кој е газда на Астон Мартин. оттаму и новото име.

„Ова ќе биде нова авантура за мене и тоа во навистина легендарна автомобилска компанија. Навистина сум горд што можам да кажам дека ќе бидам возач на Астон Мартин во 2021 година. Резултатите на тимот годинава ме импресионираа и верувам дека заедничката иднина е светла“, рече Фетел.

Тој во преименуваниот Рејсинг Поинт ќе го замени Серхио Перес. Сезонава Рејсинг Поинт моментално е на 4. место на табелата кај конструкторите со 21 поен пред Ферари кој е шести. Оствари еден подиум и тоа на последната трка во Монца кога Ленс Строл, инаку син на газдата, успеа да заврши трет.

Фетел возејќи за Ферари оствари 14 победи, а сезонава на осѕмте трка ниту еднаш не се искачи на подиумот. Пред Ферари 6 сезони возеше за Ред Бул каде ги доживеа и најдобрите денови освојувајќи 4 шампионски титули. Во Ф1 дебитираше за Заубер во 2007, а потоа возеше и за Торо Росо.

реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе