ФОРМУЛА 1

Фетел по првиот тест: Патеката „Муџело“ заслужува да биде во Ф1

Ф1
МИА / КАЈГАНА
/ 24.06.2020 / 17:04

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, се врати зад воланот на автомобилот во Формула 1 за првпат од паузата што ја наметна пандемијата од коронавирусот. Четирикратниот светски шампион, заедно со неговиот тимски колега Шарл Леклер, тренираа со автомобилот на патеката „Муџело“.

Ова беше прв тест на Формула 1 на патеката по 8 години, кога во 2012 година Фетел возеше за последен пат со тимот на Ред Бул. Фетел, исто така, ја коментираше патеката, за која многу се шпекулира дека е голем кандидат за влез во календарот во Формула 1 подоцна оваа година. Причината е откажување на многу натпревари надвор од Европа.

– Со задоволство се вратив во автомобилот по толку невобичаена пауза во Формула 1. За мене зимата е исклучително долга, а сега моравме да почекаме уште подолго до нашето враќање на патеката. Не можев да дочекам да ги видам момците од тимот по толку долго време. Беше огромно задоволство да се доживее уникатното чувство за излегување на автомобилот од гаражата по сето ова време. Патеката овде е импресивна и навистина мислам дека „Муџело“ заслужува и треба да се врати во календарот во Формула 1. Јас не сум бил овде веќе 8 години, но после еден круг започнав навистина да уживам, изјави Германецот.

Патеката „Муџело“ во наоѓа на 25 километри од Фиренца во регионот Тоскана, Италија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ф1

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more

Формула 1 ги зголеми приходите на дури 3,2 милијарди долари

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе