Фетел: Сакав да испратам порака дека секој има еднакви права на љубов

Ф1
МИА
/ 07.09.2021 / 14:56

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел денеска изјави дека „сакал да испрати порака“ кога облекол маица во бои на виножито пред трката за Големата награда на Унгарија, во знак на протест против законот што го усвои унгарската Влада против ЛГБТК заедницата.

Трката се одржа на 1 август на патеката „Хунгароринг“, а Фетел ја облече шарената маица пред почетокот на завршната свеченост при изведбата на химната на домаќинот. Тој притоа ги имаше истите мотиви и на кацигата од трката, но и на неговата маска за лице. Возачот на Астон Мартин за BBC изјави дека е горд што ја поддржува ЛГБТК заедницата.

„Не бев нервозен и не се срамев од боите на виножитото или што и да мислат луѓето… Сакав да испратам порака и бев многу горд на тоа. Пред тоа видов на вести дека актуелната Влада го нема баш најпрогресивниот став во врска со некои работи. Има многу дебати и за закони кои им забрануваат на луѓе од различна возраст пристап до сеопфатно образование, испуштајќи некои делови, што мислам дека е сосем погрешно“, рече тој.

На неговата маица пишуваше Same love (иста љубов).

„Мислам дека тоа ги објаснува погрешните сфаќања што луѓето ги имаат – на убав начин. Не е важна бојата на вашата кожа, не е важно од каде доаѓате, не е важно кога ќе се вљубите… На крајот, вие само сакате ист третман за сите“, рече Фетел.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Ф1

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Read more

Пјастри прв ќе стартува во Кина, Расел пред Норис и Верстапен

Read more

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Read more

Берман го искрши болидот на првиот тренинг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Читај повеќе

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Читај повеќе

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Читај повеќе

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Читај повеќе

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Читај повеќе

Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Читај повеќе