Февруари ќе биде пеколен за овие четири знаци

Ако го пребродите овој период, потоа сè ќе биде многу полесно.

За овие четири хороскопски знаци ова ќе биде период на конфузија и навраќање на минатото, а многумина ќе забележат дека ништо не им оди од рака. Интроспекцијата е корисна алатка, искористете ја мудро.

Ретрограден Меркур создава хаос во Зодијакот, а четири хороскопски знаци тоа ќе го почувствуваат особено текот на февруари.

ОВЕН

Иако можеби во првата половина на месецот ќе се чувствувате друштвено и екстровертно, во втората половина на месецот работите ќе се смират и ќе станете посвесни за вашите чувства. Кога ќе почне владеењето на знакот Риби, ќе се активира вашата потсвест и сите скриени емоции кои никогаш не ја гледаат светлината на денот. Дајте му шанса на вашето срце конечно да почувствува сè што носите во себе. Морате да расчистите со вашите емоции ако сакате да продолжите напред. Ако ви е премногу тешко самите да се справите со емоциите, побарајте помош од психотерапевт.

РАК

Овој месец е во знакот на трансформацијата. Треба да се прости минатото за да се направи простор за иднината и да се прифати дека некои работи не се предодредени да траат вечно. Имате тенденција да го романтизирате минатото, па зошто да не размислите и за иднината? Светот е полн со можности и до крајот на месецот ќе видите колку можности всушност имате. Верувајте во вашите вредности и таленти и доверете им ги на некој што ќе ги цени. Понекогаш е тешко да се соочиме со сознанието дека не сме направиле добар избор, но секогаш е добро време да направите нов, правилен избор.

ДЕВИЦА

Меркур, која е владејачка планета на Девицата, е ретрограден, што значи дека ќе бидете збунети, неорганизирани и понесмасни од вообичаено. Ќе имате чувство дека ништо не правите како што треба. Тоа тешко ви паѓа бидејќи сте фокусирана и организирана личност. Ова е само привремено, затоа не очајувајте. Сепак, обидете се да внесете малку повеќе авантура и непредвидливост во вашиот живот, но по ваши правила. Така ќе имате поголемо чувство на контрола и нема да се чувствувате беспомошно како овој февруари.

СКОРПИЈА

Односите со луѓето околу вас беа под голем притисок во последно време. Можеби се расправате со партнерот, лути сте на вашиот најдобар пријател или подготвени сте да се карате секогаш кога колегите на работа ќе ве прашаат нешто. Овој месец, треба да ја процените повторно динамиката на вашите врски и да се прашате како можете да бидете подобар партнер, особено кога ќе се соочите со неволји. Вие сте личност со многу квалитети, дозволете им на другите да ги видат вашите најдобри изданија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Read more

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Read more

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more
 

Магазин

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе