КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

ФФМ ги одреди цените на билетите за баражот против Косово

Управниот одбор на Фудбалската фгедерација на Македонија веќе ги одреди цените на билетите за важниот натпревар против Косово кој е полуфинален бараж за пласман на ЕУРО 2020.

Единечна карта за Северната трибина од Националната арена „Тоше Проески“ ќе чини 400 денари за централните делови, додека 300 денари за страничните сектори. Истиот принцип важи и за Јужната трибина.

На Западната трибини билети во слободна продажба ќе нема бидејќи повеќе навивачки групи од ширум Републикава најавија свое присуство и заради безбедност на останатите љубители на фудбалот тие сите заедно ќе бидат сместени на Запад. Своето присуство како организирана навивачка група по мотото „Обединување“ досега го потврдија Комити, Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Сејмени и Гемиџии.

Билети нема да се продаат ниту за Исток со оглед на тоа што таа трибина ќе биде за гостинските навивачи кои под силно полициско обезбедување ќе бидат присутни на натпреварот. На навивачи со обележја на гостинската репрезентација нема да им биде дозволен влез на останатите трибини без разлика дали имаат билет.

Билетите ќе се продаваат по принципот едебн човек еден билет и тоа со приложување документ за лична идентификација. Натпреварот ќе биде и под строга контрола на УЕФА која ќе инсистира на применување на строги правила за безбедност на трибините со оглед на неповолната атмосфера помеѓу двете држави.

Натпреварот е закажан за 26 март со почеток во 20.45 часот. Победникот од овој дуел ќе оди во финалниот бараж каде ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Грузија и Белорусија. Домаќин на финалето ќе биде токму победникот од Грузија - Белорусија, а тој натпревар ќе се игра на 31-ви.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе