ФФМ ја реализираше донацијата на амбулантни возила

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги предаде во трајна сопственост трите амбулантни возила кои таа ги набави за потребите на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Она што ФФМ го најави пред околу месец дена, денеска и го реализираше. Трите целосно опремени амбулантни возила од денеска се во функција за потребите на „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) каде претседателот Муамед Сејдини заедно со подпретседателот на ФФМ ги предадоа на директорот на болницата д-р Љубен Арсенков.

„Соочени со последиците од здравствената криза и имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници, ФФМ ги обезбеди трите амбулантни возила. Исто така, даночните повластувања кои произлегуваат од Законот за спонзорства и донации, ФФМ нема да го поврати, напротив од истиот се откажува во корист на државата и фондот за борба против COVID-19“, велат од ФФМ.

„Едноставно, ова е време и моменти кои нѐ потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Нашата социјална одговорност досега многу пати била потврдена, тоа е еден од важните постулати во работењето на ФФМ и наша должност е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба, изјави претседателот на ФФМ.

„Денеска се ефектуираше најавената донација во три санитетски возила од Фудбалската федерација на Македонија коишто ќе бидат во сопственост на клиниката хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Овие возила ќе ни бидат од големо значење во нашата секојдневна работа за транспорт на пациенти. Досега имавме возила кои се стари над 20 години и ова освежување во возниот парк навистина ни значи многу, изјави директорот на Клиниката за хируршки болести.

Возилата се од марката Citroën Jumper.

Фото: ФФМ

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе