ФФМ ќе го навлече гневот со смена на Ангеловски

Селекторот Игор Ангеловски ја однесе Македонија на Европското првенство и тој треба да ја има честа да ја води на завршницата. Сѐ друго би било крајно нефер, а со негова смена ФФМ ќе си направи голема штета самата себе во очите на јавноста.

Фото: ФФМ

Без разлика на несогласувањата, неговата тврдоглавост со викањето на некои играчи-туристи (да не ги набројувам лудориите со резервните голмани!), како и промашената тактика на некои натпревари, Игор Ангеловски е човекот кој направи атмосфера во соблекувалната како никогаш до сега, веројатно нешто налик на онаа на чичко Дончо од 1993. Воедно, успеа да ја однесе Македонија за прв пат на завршница од едно големо натпреварување, без разлика што патот ни беше многу олеснет. Но, УЕФА ги постави тие правила, не ние.

Како и во сѐ друго, така и во фудбалот - плодовите од сопствениот труд не смее некој друг да ги собира. Денеска завршува договорот на Игор Ангеловски како селектор на Македонија. ФФМ најави дека ќе разговара за негово продолжување после Нова година, а тоа деновиве го потврди и претседателот Муамед Сејдини. А зошто за тие разговори мораше да се чека да отчука 2021 година? Зошто тоа не можеше да се заврши уште во декември? Зошто се дозволи јавноста да се вознемири со шпекулации од типот дека некојси странец ќе си дојде на готово и ќе си запише во биографијата дека ја водел Македонија на историското, за нас, ЕУРО?

Факт е дека Ангеловски не е совршен. Далеку е од таков. Но, ги оправда очекувањата, во однос на пласманот. Нѐ однесе онаму каде што сонувавме уште од Крањ 1993 година и оној историски прв натпревар со Словенија.

Сега во прашање е принцип, а не колку е добар или лош. Ангеловски ја квалификува Македонија на ЕУРО. Точка. Тоа е тоа. ФФМ мора да направи сѐ за Ангеловски да ги предводи Пандев, Елмас, Алиоски, Адеми, Несторовски и останатите на ЕУРО 2020.

Фото: ФФМ

Јасно е дека ФФМ не беше задоволна од Ангеловски и веројатно неговата смена се планирала веќе некое време. И со право. Во квалификациите за ЕУРО 2020 (значи не оние преку Лигата на нации, туку оние нормалните) Македонија иако го оствари најдобриот пласман во едни квалификации завршувајќи на 3. место во групата, сепак потфрли. Кукавичката игра на гости со слабиот Израел кога наместо да се оди во напад ние браневме бод, како и поразите дома со Австрија и Полска беа веројатно моментот кога ФФМ почнала да размислува за негова смена. Тука е и грешката на ФФМ: тогаш требаше да се направи промена. Моментумот не го искористија, веројатно немало јунак во ФФМ кој ќе пресече. Ако сега го направи тоа, ќе има трагичар во ФФМ, а не јунак.

Деновиве претседателот Сејдини рече дека целата јавност знае кој ќе биде селектор доколку Ангеловски не е повеќе. Точно. Каков Просинечки, селектор ќе биде Благоја Милевски. Тоа се претпоставуваше уште откако Милевски ја однесе У21 репрезентацијата на ЕУРО 2017, но потоа и Ангеловски врза добри резултати па не дојде до смена. И како што реков погоре, моментумот беше промашен во јуни 2019 после поразите дома од Австрија (1:4) и Полска (0:1).

Сега проблем е и што новиот циклус квалификации, оној за Мундијалот 2022 во Катар, почнува во март, а завршува во ноември, значи ЕУРО е измеѓу. Значи, ако ФФМ сака нов селектор, односно Милевски, да ја води Македонија во квалификациите, треба истиот да ја води и на ЕУРО, на ЕУРО до кое нѐ однесе Ангеловски. Тука е проблемот. Веројатно ни самата ФФМ не знае што да прави, па оттаму и целото ова одолговлекување и неизвесност.

Фото: ФФМ

Сценарио 1 - договор до јуни

Веројатно најреалното сценарио е Ангеловски да добие нов договор, но само до јуни, односно до завршувањето на настапот на Македонија на Европското првенство (под претпоставката дека нема да стигнеме до четвртфиналето кое е во јули). Би нѐ водел и на првите три квалификациски натпревари за Мундијалот 2022, закажани за крајот на март, а потоа на сцена би стапил Милевски, после ЕУРО.

Сценарио 2 - договор до крајот на 2021

Еден селектор да почне квалификации, а потоа друг да ги доигра, е малку непринципиелно и нефер кон тој другиот. Затоа, треба да се има предвид и можноста Ангеловски да добие договор за уште еден циклус квалификации кои и онака ќе се одиграат со забрзано темпо за само една година. Но, тоа ќе значи повторно пролонгирање на ангажирањето на Милевски како селектор.

Сценарио 3 - договор само за ЕУРО

Звучи лудо, но теоретски постои како опција. Ова би значело нов селектор да е Благоја Милевски, кој би ги почнал квалификациите во март, но на ЕУРО селектор би бил Игор Ангеловски, а потоа повторно би преземал Милевски. Несекојдневно, но изводливо. Ангеловски би го добил заслуженото, да нѐ води на ЕУРО, а Милевски конечно би станал селектор.

Останува да видиме што ќе се случи после празниците...

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Теми и коментари

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more

Дрво по дрво: Кој ги убива белите дробови на Македонија?

Read more
 

Ново

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе