ФФМ одлучи: Фудбалот во државава оди во мирување

Сите фудбалски натпреварувања под капата на Фудбалската федерација на Македонија се времено суспендирани поради засилените мерки на Владата во борбата против ширењето на корона вирусот.

ФФМ се приклучи кон апелот на Владата и по КФМ и таа стави локдаун во сите нејзини натпреварувања. Викендов нема да се играат првата и двете втори лиги, како и третите лиги. ФФМ уште претходно ги прекина сите младински натпреварувања.

„Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал. Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID-19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници - концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID-19, Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици“, стои во официјалното соопштение на веб-страницата на ФФМ.

Истотака, ФФМ вчера испрати допис до УЕФА во кој се бара одложување на претстојниот бараж натпревар против Косово за пласман на ЕУРО 2020 кој е закажан за 26 март во Скопје.

Првата лига оди во мирување по синоќешното 23. коло по кое Вардар води со 46 бодови пред Силекс со 36 и Шкендија со 35. Во двете втори лиги се одиграа 16 кола: на Истокот води Беласица со 40 пред Брегалница со 37 бодови, а на Западот прв е Пелистер со 33 пред Скопје со 29. Од третите лиги, пролетниот дел е почнат само во групите Југозапад и Центар, а токму викендов требаше да почне во Север и Запад. Југоисток допрва требаше да почне.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе