1.МФЛ 2019/20

ФФМ одлучи, фудбалското првенство ќе се доигра

Комисијата за натпреварување при ФФМ денеска донесе одлука дека најдобрата фудбалска лига ќе ја продолжи сезоната.

Фото: ФК Вардар Скопје

Откако Институтот за јавно здравје даде зелено светло, по два состанови на Фудбалската федерација на Македонија со десетте прволигаши, конечно падна одлука за прекинатата сезона во 1.МФЛ.

„Натпреварувачката комисија во ФФМ, заедно со раководството на Федерацијата, одговорно и транспарентно, почитувајќи ги препораките на претставниците на клубовите предложи три можни сценарија за завршување на сезоната и донесе одлука првенството да се доигра во скратен систем, односно по предлогот кој беше најприфатлив за повеќето од клубовите во 1.МФЛ“, велат од ФФМ.

Предлогот 2 за кој најмногу клубови се изјасниле е следниов: Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финале. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.

Планот е првенството да продолжи викендот на 13/14 или 20/21 јуни. Сите натпревари ќе се играат без присуство на гледачи на стадионите, а ќе биде ограничен и бројот на присутни лица кои ќе бидат дел од организацијата на натпреварите.

ФФМ одлучи натпреварувањето во двете групи од 2.МФЛ да не продолжи, односно таму е прогласен крај. Со оглед на тоа што натпреварувањата во третите и општинските лиги не се управувани од Федерацијата, истата им препорача на одговорните да не ја продолжуваат сезоната.

Засега не се знае што ќе се случи кога е во прашање пласманот во повисок ранг од лигите кои нема да се доиграат, како и испаѓањето. Се очекува речиси сигурно лидерите во групите Исток и Запад од 2.МФЛ, Беласица и Пелистер, да бидат административно пласирани во Првата лига за наредната сезона. Тоа секако ќе наиде на негодување од страна на останатите клубови кои имаат исти амбиции, а поради прекинот извисија.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе