ФФМ потврди, ќе се играат второлигашките баражи

Филип Здравески
/ 02.07.2020 / 12:17

Првите официјални натпревари во Македонија по прекинот поради пандемијата со коронавирусот ќе почнат од 7 јули и тоа ќе бидат баражи за пополнување на двете второлигашки групи.

Од денешната жрепка; Фото: ФФМ

Денеска во просториите на Куќа на фудбалот беа извлечени двојките за бараж натпреварите за пополнување на единственото слободно место во групата Запад.

За тоа едно место ќе се борат првопласираните екипи во третите лиги Север, Запад и Југозапад, односно Фортуна од скопската населба Синѓелиќ, Беса од гостиварското село Добри Дол, како и Велешта од истоименото струшко село. Во моментот на прекин овие три екипи беа први во своите групи.

Ќе се игра трокружен бараж секој против секого, а на крајот првопласираниот на мини-табелата ќе избори учество во 2.МФЛ Запад за наредната сезона 2020/21. Сите натпревари ќе се играат на стадионот „Градски“ во Тетово.

Распоред:
7 јули Беса - Фортуна
10 јули Беса - Велешта
13 јули Велешта - Фортуна

Од ФФМ најавија дека натпреварот од последното коло ќе се игра само доколку одлучува за пласманот во втората лига. Тоа значи дека доколку, на пример, Беса победи во своите два натпревара кои се играат во првото и второто коло, нема да има потреба да се игра последното трето коло бидејќи Беса веќе би имала обезбеден пласман.

Пополнувањето на групата Исток е далеку поедноставно бидејќи таму гравитираа две третолигашки групи изминатава сезона, односно Центар и Југоисток. Првопласираните Росоман 83 од истоименото кавадаречко село и виничка Слога 1934 ќе решаваат во меѓусебен дуел која ќе се пласира во 2.МФЛ Исток. Натпреварот ќе се игра на „Градски“ во Штип.

10 јули Росоман 83 - Слога 1934

Сите натпревари ќе почнат во 17:00 часот и ќе се играат без присуство на публика. Воедно, сите пет екипи се задолжени безусловно да ги спроведуваат насоките, препораките и мерките запишани во Протоколот во насока на заштита на здравјето на сите чинители во фудбалската игра.

Доколку евентуално во наредните денови дојде до некоја несакана ситуација поврзана со коронавирусот, баражите ќе бидат откажани, а победниците ќе бидат одлучени со најнепопуларната варијанта, влечење жрепка.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе