ФФМ: Прекин на првенството е последно решение

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека се разгледуваат неколку можни сценарија за рестартирање на домашниот фудбал, а целосен прекин е последна опција.

„Како резултат на ширењето на коронавирусот јасно е дека се променети сите околности во фудбалот за оваа натпреварувачка година. ФФМ во соработка со фудбалските клубови и натпреварувачката комисија во Федерацијата работи на низа практични решенија како одговор на новонастанатата ситуација. Постојано следејќи ја моменталната ситуација, комисијата во ФФМ која е задолжена за календарот на натпревари, во најскорен можен рок ќе ги претстави плановите за завршување на натпреварувачката сезона во МФЛ. Се разбира, во услови кои ќе бидат диктирани од телата на јавната власт. Прекин на првенството е последно можно решение, откако ниту една алтернатива не би овозможила да се заврши календарот за натпреварувачката сезона во МФЛ“, вели претседателот Муамед Сејдини.

ФФМ експресно ја одби финансиската помош која државата ја намени за спортските субјекти со цел таа да се пренасочи за потребите во здравството. Сејдини најави дека доколку од УЕФА и ФИФА пристигне парична помош, сите средства ФФМ ќе ги пренасочи кон клубовите како најзагрозени од кризата.

„Фудбалската федерација на Македонија, како и секогаш до сега, кон фудбалската заедница ќе покаже одговорност, единство и солидарност. Ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме на располагање во насока на било каква помош на клубовите и фудбалските работници. Како Федерација сме во постојана комуникација со УЕФА и ФИФА и доколку се определи одреден солидарен фонд кои би го користеле федерациите, ФФМ целосно ќе го пренамени кон клубовите“, рече тој.

Во Првата лига преостануваат да се доиграат уште 13 кола, додека во двете второлигашки групи уште 11. Купот е стигнат до полуфиналето, а во прекин се и сите останати натпреварувања како третите, четвртите и петтите лиги, женската лига, младинските лиги како и лигата во мал фудбал.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе