Во тек е редовниот летен семинар за судии и контролори за натпреварите од македонскиот фудбал во Кнежино, Кичево. На овој семинар беше презентирана и новата промена околу условите и критериумите на судењето, која беше применета и на неодамна завршеното Европско првенство во Германија.

„Судиите сега имаат отворена линија на дијалог со тимовите во објаснувањето на клучните одлуки и одлуките кои произлегуваат од ВАР технологијата (во натпреварите каде ВАР технологијата е активна). Објаснувавањето на донесените одлуки им се дава исклучиво само на капитените на тимовите, кои се единствените играчи на теренот кои имаат право да разговараат со судијата и да бараат објаснување на одредена ситуација на респектабилен начин.
Капитените на клубовите имаат и преземаат одговорност, барајќи од своите соиграчи да ги почитуваат судиите, да држат дистанца и да не ги опкружуваат судиите по донесувањето на одлука за време на натпреварот.
Во ситуација во која капитен на екипата е голман, а е далеку од акцијата, како што е во повеќето случаи, тимовите имаат обврска да назначат играч кој ќе биде овластен да комуницира со главниот судија, за да добие објаснување за одредена ситуација.
Играчите кои нема да се придржуваат до ова правило, ќе бидат казнувани со дисциплинкса мерка“, соопшти ФФМ.
Македонската прва и втора лига треба новата сезона да ја почнат околу средината на август. Жрепката за распоредот на натпревари сѐ уште не е направена, ниту најавена.