1.МФЛ 2019/20

ФФМ со три сценарија за прекинатата сезона 2019/20

На денешниот состанок помеѓу десетте прволигаши и ФФМ беа презентирани три можни сценарија околу иднината на прекинатата тековна сезона.

Фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија даде три предлози за завршување на сезоната:

  1. Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите 6 екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последнопласираните 4 екипи по завршување на третиот круг) СО ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;
     
  2. Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите 6 екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните 4 екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;
     
  3. Прекин на првенството и Купот на Македонија.

Клубовите сега треба да се изјаснат кој предлог го прифаќаат и потоа ФФМ да донесе конечна одлука.

„Како натпреварувачка комисија на ФФМ го претставивме нашиот план и трите можни сценарија за евентуално продолжување на првенството од 1.МФЛ во поинаков формат од предвидениот. Сметам дека е сосема јасно првото можно решение, со испаѓање на два тима по завршување на понудениот формат. 

Веројатно многумина ќе се запрашаат во делот од второто сценарио каде системот на натпреварување исто така содржи плеј-оф и плеј-аут фаза, но без испаѓање. Тоа го правиме од причина што во Куп натпреварувањето имаме екипи кои би можеле да се најдат во делот од плеј-аут фазата и заради одржување на натпреварувачки ритам би одиграле само 3 натпревари наместо предвидените 6. Календарот на натпревари ќе го усогласиме во зависност од мерките кои ќе важат на ниво на држава, но секако и од одлуката на Фудбалската федерација на Македонија за конечно решение за завршување на натпреварувачката сезона“, изјави Игор Франговски, претседател на Комисијата за натпреварување во ФФМ.

Фото: ФФМ

На состанокот беше презентиран и протоколот со мерки кои секој клуб треба да ги преземе за тренирање и одигрување натпревари. Протоколот може да се преземе со клик тука.

„Институтот за јавно здравје се обврза да обезбеди 400 тестови за COVID-19 кои би ги опфатиле сите фудбалери и стручни штабови на десетте клубови, како и за официјалните лица за натпреварите од 1.МФЛ“, велат од ФФМ.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе