Филм & ТВ

ФХ3Х работеше на визуелните ефекти на „Одмаздници: Војна на бесконечноста“ кој доби номинација за Оскар

22. јануари 2019 - 15:50 |

Дали Оскарот за визуелни ефекти ќе го добие Танос?

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти „Одмаздници:Војна на бесконечноста“ кој доби номинација за Оскар. Доделувањето е на 24  февруари.

Номинациите за 91 доделување на Оскарите беа објавени денес, на 22 јануари во 15:20 часот во Семјуел Голдвин театарот во Лос Анџелес, од страна на Трејси Елис Рос и Кумал Нанџани. Номинираните филмови за најдобри визуелни ефекти во изминатата година се:„Кристофер Робин“, „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, „Првиот човек“, „Спремен Играч број Еден“, „Соло:Приказна за Војна на ѕвездите“. ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на „Одмаздници: Војна на бесконечноста“.

ФХ3Х во 2018 година

ФХ3Х 2018 година ја започна со реализирана цел која беше една декада зацртана во портфолиото на компанијата: „Star Wars: The Last Jedi” со што конечно се исполни стремежот да се работи на една од најпознатите франшизи во филмската индустрија, особено кога се визуелните ефекти во прашање. Во текот на 2018 година беа реализирани 20 проекти, од кои 16 во филмска и 4 во телевизиска продукција. Во првата спаѓаат: „Црниот Пантер“, „Томб Рајдер“, „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, „Дедпул 2“,„Јурасик Светот:Паднатото кралство“, „Еквилајзер2“, „Шпионот кој ме откачи“,„ Мег“, „Невозможна мисија: Пребројување“, „Предатор“, „Венум“, „22-рата милја“, „Крид2“, „Аквамен“ и „Мери Попинс се враќа“.

Проектите во телевизиската продукција беа филмовите: „Кутија за птици“ и „Кралот Одметник“, „Ураган“ и сериите „Стар трек дискавери“ и „Игра на тронови“.

ФХ3Х од почетокот до денес

Со една ретроспектива дојдовме до следниве информации:

1.ФХ3Х има досега реализирано 135 проекти од кои 120 филмски и 15 ТВ

2. Од филмовите на кои имаме работено 18 биле номинирани за Оскар

3. Од телевизиските проекти 4 биле со соодветни телевизиски номинации или награди

Награди за филмови

Филмови на кои ФХ3Х беше дел а кои добија Оскари: „Златниот компас“ 2008 година, „Животот на ПИ“ - 2013 година, „Ранго“ - Оскар за анимација во 2012 година.

Коментирај