Лондон, 13 октомври 2018 (МИА) – Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го објави календарот на трки во Формула 1 за новата сезона.
Ќе се возат вкупно 21 трка, првата е закажана за 17 март и ќе се вози во Австралија, а шампионатот ќе заврши на 1 декември, со трката во Абу Даби.
Календар на трки во Формула 1 за 2019 година:
17 март - Австралија;
31 март - Бахреин;
14 април - Кина;
28 април - Азербејџан;
12 мај - Шпанија;
26 мај - Монако;
9 јуни - Канада;
23 јуни - Франција;
30 јуни - Австрија;
14 јули - Велика Британија;
28 јули - Германија;
4 август - Унгарија;
1 септември - Белгија;
8 септември - Италија;
22 септември - Сингапур;
29 септември - Русија;
13 октомври - Јапонија;
27 октомври - Мексико;
3 ноември - САД;
17 ноември - Бразил;
1 декември - Абу Даби.