Fiat е принуден да го прекине производството на моделот 500e

Fiat е принуден да направи непопуларен потег.

Stellantis одлучи привремено да го прекине производството на моделот 500e. Имено, поради слабата побарувачка за слаткиот електричен Fiat, раководството донесе одлука да ја прекине работата во фабриката Mirafiori северно од Торино на четири недели, пренесува Reuters.

Запирањето на производството започна во петокот, информира Stellantis, додавајќи дека „напорно работи за да се извлече најдоброто од оваа тешка преодна фаза“. Како дел од овие напори, групацијата објави дека инвестира 100 милиони евра во фабриката Mirafiori за да усвои батерија со повисоки перформанси и да се прилагоди на производството на хибридната верзија на електричниот модел 500. Вториот треба да стигне на пазарот следната година или најдоцна во 2026 година.

Да потсетиме дека стариот Fiat 500, кој се произведуваше во Полска, беше прекинат летово откако Fiat се откажа од инвестициите за да ги исполни новите безбедносни правила. Сè уште се произведува во алжирските погони, но не и за европскиот пазар. Затоа, Fiat се одлучи за електричен модел како основа врз која ќе се развива новиот хибрид.

Да потсетиме, Toyota, General Motors, Ford и Mercedes се само дел од производителите кои беа принудени да ги променат своите бизнис планови и да ја прошират достапноста на моделите со класичен погон.

Тагови
реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Авто новости

Кој е најскапиот автомобил некогаш изложен на Саемот во Белград?

Read more

46.000 Cybertruck возила на Tesla повлечени во САД

Read more

И Audi се откажува од плановите за целосна електрификација

Read more

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Read more
 

Автомобили

  • filter

Кој е најскапиот автомобил некогаш изложен на Саемот во Белград?

Читај повеќе
  • play_arrow

46.000 Cybertruck возила на Tesla повлечени во САД

Читај повеќе

И Audi се откажува од плановите за целосна електрификација

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Читај повеќе

Toyota  ќе рециклира, обновува и реупотребува стари автомобилски делови

Читај повеќе

На Маск му се удри од глава поддршката за Трамп: Се распродаваат акциите на Tesla

Читај повеќе

Зошто Шпанците ставија црвена лента на „патот на смртта“?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla како Којотот: Aвтопилотот измамен од ѕид со слика од пат

Читај повеќе

BYD има нова технологија за полнење електрични автомобили

Читај повеќе