Fiat го претстави Tipo Cross
Италијанската компанија Fiat го претстави моделот Tipo Cross, караван и хетчбек.
Новата верзија на Tipo e 70 мм повисока од стандардната. Fiat го освежи и дизајнот на хетчбекот и караванот, па сите 3 модели имаат нова предна решетка за ладилникот.
Целосно е сменет изгледот на предниот дел благодарение на новите браници и светла, а ЛЕД технологијата е стандардна. Во понуда се и 16 и 17-инчни фелни.
Tipo ќе биде достапен со бензин и дизел мотор, а се очекува и благ хибриден погон кој го имаат моделите Panda и Fiat 500.
Цената сè уште не е позната.