Фицо: Западот ја жртвуваше Чехословачка во 1938 година, слична судбина ја чека Украина

Западот би можел да ја жртвува Украина и да ја подели, како што направи со Чехословачка во 1938 година, предупреди словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Ќе дојде време кога Западот ќе каже: ‘Не успеавме (да ја победиме Русија), затоа ќе ја жртвуваме Украина’“, рече Фицо во интервју за бразилскиот весник Folha de S. Paulo за време на официјалната посета на Бразил. Тој истакна дека во 1938 година Велика Британија, Германија, Италија и Франција го потпишале Минхенскиот договор со кој Чехословачка ги предала своите погранични области на нацистичка Германија.

„Се плашам дека слична судбина ја чека Украина“, рече тој. Според него, Словачка нема поплаки против властите во Киев, но смета дека Украина станала жртва на западните амбиции да ја ослабне Русија.

„Не ѝ се лутиме на Украина, само велиме дека таа му дозволи на Западот да ја вовлече во нешто негативно“, истакна словачкиот премиер. Инаку, Фицо кон средината на октомври изјави дека постои многу голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши.

Фицо во неколку наврати изјави дека ќе го блокира влезот на Украина во НАТО додека е на чело на словачката влада. Откако победи на изборите минатата есен, тој ја смени политиката на претходната влада за обезбедување материјална поддршка на Украина во нејзината војна со агресорската сила и наместо тоа вети дека неговата влада нема да испрати „ниту еден куршум“ во Украина.

реклама

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

Свет

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Read more

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Read more

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Read more
 

Вести

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Читај повеќе
18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Читај повеќе

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Читај повеќе

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Читај повеќе

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Читај повеќе

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Читај повеќе

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Читај повеќе