
Американската женска фудбалска лига NWSL наскоро доаѓа во популарната FIFA 23.
Electronic Arts соопшти дека сите 12 тимови од лигата ќе бидат достапни за играње од 15 март и дека компанијата потпишала лиценца со лигата и федерацијата. Сите тимови кои играат во лигата и сите играчи ќе бидат дел до франшизата.
„Фудбалерките од NWSL лигата се меѓу најдобрите во светот и се радуваме на можноста да го покажеме нивниот талент низ ова уникатно гејминг искуство”, изјави портпаролот на NWSL Џесика Бермен.
FIFA 23 е достапна за PlayStation 4 и 5, Xbox One, Xbox Series X и S, како и за PC.