КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

ФИФА дополнително ќе излезе со детали за прекинатиот натпревар меѓу Бразил и Аргентина

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) доцна синоќа со штуро соопштение се произнесе по повод прекинатиот натпревар од јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2022 меѓу репрезентациите на Бразил и Аргентина.

„ФИФА може да потврди дека по одлуката на официјалните лица на натпреварот, дуелот од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 меѓу Бразил и Аргентина е прекинат. Повеќе детали ќе бидат соопштени дополнително“, кратко објави Светската куќа на фудбалот.

Дербито на јужноамериканските квалификации за СП 2022 што требаше да се одигра во неделата вечер беше прекинато по само три минути игра на стадионот во Саун Пауло поради кршење на COVID-19 протоколите за карантин.

Бразилски здравствени претставници влегоа на теренот и побараа од тројца аргентински репрезентативци, Кристиано Ромеро, Џовани Ло Селсо и голманот Емилијано Мартинес да го напуштат стадионот и државата поради кршење на правилата за задолжителен карантин.

Бразилската страна соопшти дека тројцата фудбалери, кои настапуваат за англиски прволигаши, дале лажни податоци при влез во земјата и оти мораат да го напуштат Бразил.

Во обид да биде спречено ширење на заразата со делта сојот на коронавирусот, кој широко е распространет во Обединетото Кралство, во Бразил на сила е одредба за задолжителен двонеделен карантин за сите патници од оваа европска држава.

Поради забрана од своите екипи од Премиер лигата, деветмина бразилски репрезентативци не допатуваа во земјата за натпреварот против Аргентина.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе