„Пушкаш“ наградата за најдобар гол ќе замина во рацете на еден од десетте кандидати меѓу кои најпознати имиња се секако Лео Меси и Златан Ибрахимовиќ.
Да учествува во изборот може секој. Сѐ што треба е да се регистрирате на официјалната веб страница на ФИФА (доколку веќе не сте член) и да кликнете тука.
Во изборот конкурираат голови постигнати од 16 јули 2018 до 19 јули 2019 година. Меѓу головите има и три постигнати од фудбалерки, а како главни кандидати се издвојуваат мајсториите на Куња, Ибра, Куараљела, Таунсенд и Жори.
Матеус Куња (Бразил)
Златан Ибрахимовиќ (Шведска)
Лионел Меси (Аргентина)
Ажара Ншут (Камерун)
Фабио Куаљарела (Италија)
Хуан Фернандо Кинтеро (Колумбија)
Ејми Родригес (САД)
Били Симпсон (Северна Ирска)
Андрос Таунсенд (Англија)
Даниел Жори (Унгарија)