Светската куќа на фудбалот (ФИФА) денеска излезе со официјалниот ценовник за картите за претстојното Светско Првенство кое ќе се одржи наредното лето во Русија.
Продажбата ќе се одвива во две фази, а првата фаза започнува уште од утре. Навивачите кои сакаат да си купат билети ќе можат да го направат тоа преку аплицирање на официјалната страна на ФИФА.
Цените на билетите се поделени во 4 категории, од кои првите три се наменети за навивачите од целиот свет, а четвртата категорија е резервирана за жителите на земјата домаќин – Русија.
Првата категорија е најскапа а третата е најевтина од оние кои што се наменети за навивачите од остатокот од светот, додека граѓаните на Русија имаат бенефиции и ќе можат да ги гледаат натпреварите од СП за цени од 18 до 102 евра. Најевтиниот билет од категориите 1, 2 и 3 чини 87,5 долари, додека најскапиот ќе чини 917 евра.
Натпреварите од СП во Русија ќе се одиграат на 12 стадиони во 11 градови-домаќини. Финалето ќе се одигра на 15 јуни 2018 на стадионот „Лужники“ во Москва.
Досега се познати 7 репрезентации кои ќе учествуваат на првенството. Покрај домаќинот Русија, квалификувани се уште и Бразил, Иран, Белгија, Мексико, Јапонија и Саудиска Арабија.