ФИФА го истражува трансферот на Бруну Фернандеш во Манчестер Јунајтед

ФИФА покрена истрага за трансферот на Бруну Фернандеш од Спортинг во Манчестер Јунајтед откако италијанската Сампдорија поднесе тужба против португалскиот гигант.

Клубот од Џенова го продаде португалскиот играч од средниот ред на Спортинг во 2017 година и во моментов бара 10%, или нешто повеќе од 5 милиони евра, од договорот со „Црвените ѓаволи“.

Сампдорија тврди дека тоа било една од трансфер-клаузулите во договорот за продажбата на Бруну Фернандеш.

ФИФА преку својот портпарол потврди дека во моментов се води истрага.

– Сампдорија поднесе тужба до ФИФА против португалскиот клуб Спортинг од Лисабон во врска со финансиските обврски поставени во договорот за трансферот на Бруну Фернандеш, соопшти централата.

Португалскиот играч од средниот ред се пресели во Манчестер Јунајтед во текот на зимата за околу 50 милиони евра.

Фернандеш во Сампдорија играше само во сезоната 2016/17, а дојде од Удинезе како позајмен, но со задолжителен откуп на крајот од сезоната. На 33 натпревари Португалецот постигна 5 голови, а Самп го реализираше трансферот иако не беа задоволни од неговите игри. Сепак, летото се ослободија од него продавајќи го во Спортинг за 8,5 милиони евра.

Таму Фернандеш се разигра и на 83 натпревари постигна 29 голови во трите сезони минати во клубот од Лисабон. Потоа на сцена стапи Јунајтед.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе