ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

ФИФА му поверува на Џака, нема да биде казнет за дресот со „Јашари“

Капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација Гранит Џака, кој беше во центарот на вниманието за време на мечот со Србија, нема да биде казнет по истрагата на ФИФА против него, тврдат англиски The Sun и швајцарски Blick.

Џака во текот на натпреварот често беше напаѓан од ривалите од Србија, но и тој самиот возвраќаше и беше расположен за пресметка. Играчот од средниот ред на Арсенал за време на натпреварот се фаќаше за меѓуножјето, пцуеше на албански јазик, а и по натпреварот продолжи со провокации.

Искусниот играч за врска привлече внимание по натпреварот кога носеше дрес со името Јашари испишано на градите. Како што рече, решил да му даде поддршка на младиот колега од репрезентацијата Ардон Јашари.

Сепак, многумина веруваат дека вака Џака му оддаде почит на Адем Јашари, основачот на Ослободителната војска на Косово и тоа беше една од причините за истрагата на ФИФА, но како што тврдат The Sun и Blick, нема да има казна за овој случај бидејќи ФИФА поверува во неговото објаснување.

URL

„Нема никаква политичка позадина. Ардон Јашари е дел од нашиот тим и поминуваме многу време заедно. Му реков дека ќе го облечам неговиот дрес ако поминеме понатаму“, рече Џака.

Ова не е првпат Џака да биде вмешан во инцидент на меч со Србија, бидејќи веќе беше казнет, ​​заедно со Џердан Шаќири, на дуел во 2018 година кога славеа голови покажувајќи симбол на орел.

Утре Швајцарија ќе игра против Португалија во битката за четвртфиналето на Светското првенство.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе