ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Експанзија на фудбалот во интерес на популаризирање на играта, како и постигнување на повисоко ниво на квалитет на другите континенти, не само што и тоа како е во тек, туку често се рефлектира и во традицијата на спортот за чија оригинална форма со годините сѐ повеќе копнееме.

Беше само прашање на време кога Мундијалот ќе го зголеми бројот на учесници, а сега кога дознавме дека од следниот ќе гледаме 48 селекции, уште потрауматични вести доаѓаат од САД.

Според The New York Times, Џани Инфантино е решен стогодишнината од величествениот турнир во 2030 година да се прослави на посебен начин - со дури 64 репрезентации учесници!

Звучи неверојатно што симболичното означување на контактот со традицијата подразбира целосно искривување на нејзината суштина, што се карактеризираше со занесот на масите со наједноставното нешто на светот - топката меѓу 22 играчи.

Така, како што пренесуваат американски извори, ФИФА дошла до идеја дека 100-годишнината од Светското првенство со 13 репрезентации, кои се состанале во уругвајски град за да одлучат кој ќе биде светски првак, треба да биде обележана со масовно учество на поголемиот дел од планетата, играно на дури три континенти (Јужна Америка, Европа и Африка) и во 6 земји (Парагвај, Уругвај, Аргентина, Португалија, Шпанија и Мароко). Звучи фарсично, и тоа и е.

Познато е и дека претседателите на светската куќа на фудбалот претходните години беа прилично склони кон популистички одлуки, а како пионер на оваа практика се истакна токму Инфантино. Воведе првично проширување, од кое најмногу ќе имаат корист континентите со помал успех на турнирите (а со тоа и неговите гласачи). За среќа, ова може да биде само еднократна авантура, чиј замав не треба да се очекува, бидејќи не е во плановите на ФИФА.

Стариот и новиот систем на мундијалски квалификации:

Азија: од 4+1 на 8+1
Јужна Америка: од 4+1 на 6+1
Океанија: од 1 место во бараж на 1+1
Африка: од 5 на 9+1
Северна Америка: од 3+1 на 6+2 (2 места во бараж поради кодомаќинство)
Европа: од 13 на 16

За потсетување, во 2026 година ќе го гледаме Светското првенство во Северна Америка, чии домаќини се Канада, САД и Мексико. За овој настан ФИФА планира да го претвори „Тајмс Сквер“ во најпрестижната фан зона досега, што секако ќе чини огромни суми пари. Колку планираното проширување само за 2030 година би можело да извади од џебот на ФИФА сè уште не е познато, но бројката сигурно ќе биде баснословна.

реклама

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more

Фудбал

Атлетиката го пресели Вардар од Националната арена

Read more

Крај на една ера – Џејми Варди ќе го напушти Лестер

Read more

Фабио Капело: Ароганцијата на Инѕаги го уби Интер против Милан

Read more

Анчелоти полуде по потегот на Ендрик: Ова не е циркуски клуб

Read more
 

Спорт

ТиЏеј Шортс одбил 2,5 милиони евра од Барселона

Читај повеќе

Цибона сака да ја напушти АБА лигата

Читај повеќе

Атлетиката го пресели Вардар од Националната арена

Читај повеќе
  • play_arrow

Крај на една ера – Џејми Варди ќе го напушти Лестер

Читај повеќе
  • play_arrow

Фабио Капело: Ароганцијата на Инѕаги го уби Интер против Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Анчелоти полуде по потегот на Ендрик: Ова не е циркуски клуб

Читај повеќе

Јокиќ остана со празни раце

Читај повеќе

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Читај повеќе

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Читај повеќе