ФИФА воведува трет преоден рок?

Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули, во проширен формат со 32 клуба.

Вечерва ќе се одржи жрепката со која учесниците ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи. Европа ќе има 12 претставници, Јужна Америка шест, Северна и Централна Америка пет, Азија и Африка по четири и Океанија по еден.

ФИФА ова натпреварување го организира континуирано од 2005 година, а од 2025 година ќе се одржува на секои четири години. Новото проширување привлече критики за преоптоварување на календарот.

Исто така, ФИФА планира да воведе трет преоден рок (почеток на јуни - 10 јули) со цел клубовите да го решат проблемот со играчите на кои им истекуваат договорите за време на турнирот, пренесува шпанскиот весник Marca.

Ова се клубовите кои следната година ќе учествуваат на Светското клупско првенство:

УЕФА: Реал Мадрид (Шпанија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Манчестер Сити (Англија), Челси (Англија), Баерн Минхен (Германија), Борусија Дортмунд (Германија), Интер Милан (Италија), Јувентус (Италија), Пари Сент -Жермен (Франција), Бенфика (Португалија), Порто (Португалија) и Салцбург (Австрија).

КОНМЕБОЛ: Палмеирас (Бразил), Фламенго (Бразил), Флуминенсе (Бразил), Ботафого (Бразил), Ривер Плата (Аргентина) и Бока Жуниорс (Аргентина).

КОНКАКАФ: Монтереј (Мексико), Клуб Леон (Мексико), Пачука (Мексико) и Сиетл Саундерс (САД).

АФЦ: Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Урава Ред Дајмондс (Јапонија), Ал Аин (ОАЕ) и Улсан Хјундаи (Јужна Кореја).

ЦАФ: Ал Ахли (Египет), Видад Казабланка (Мароко), Есперанс де Тунис (Тунис) и Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка).

ОФЦ: Окленд Сити (Нов Зеланд).

Претставник на земјата домаќин: Интер Мајами (САД).

Тагови
реклама

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Фудбал

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Read more

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Read more

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more
 

Спорт

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе