Филм & ТВ

„Fighting with My Family“: Двејн Џонсон ја внесува Пејџ во светот на борењето

15. ноември 2018 - 15:14 | Б.С.Б.

Двејн Џонсон се глуми себеси во филмот „Fighting with My Family“, инспириран од животот на младата британска борачка Сараја Бевис, позната како Пејџ.

Британката одлучи да го напушти американското борење само четири месеци откако беше во центарот на скандал со порно снимки. Иако е најмлада шампионка со 21 година, Пејџ дефинитивно ќе остане запаметена по снимки и фотографии што се појавија во јавноста откако нејзиниот мобилен беше хакиран. Хакерите објавија две приватни снимки, една на која мастурбира и друга на која има секс со двајца.

Филмот е комедија инспирирана од нејзиниот живот, во режија на британскиот писател и режисер Стивен Мерчант, базиран според документарецот „The Wrestlers: Fighting with my Family“.

Пејџ (Флоренс Пју) и нејзиниот брат добиваат понуда да се обидат во WWE со што имаат шанса да ја исполнат желбата од соништата и да станат професионални борачи. Но, само Пејџ добива понуда и заминува сама да се избори во еден непознат и суров свет.

Во останатите улоги се појавуваат Лена Хеди, Ник Фрост, Винс Вон и други. Премиерата е закажана за 22 февруари 2019 година.

Коментирај