НБА 2024/2025

Филаделфија го совлада Кливленд и ја прекина долгата серија порази

Ноќеска на НБА терените се одиграа само три натпревари, а во најинтересниот дуел Филаделфија 76ерс го совлада Кливленд Кавалирс со 132:129.

Пол Џорџ постигна 30 поени, а Тајрис Макси 29 за 76ерс, со што тимот од Филаделфија ја прекина серијата од 7 порази.

Од друга страна, Кливленд го загуби вториот последователен натпревар и сега е изедначен со Оклахома Сити Тандер за најдобар тим во лигата со скор 36-8.

Донован Мичел постигна 37 поени, а Тај Џером додаде 33 за Кливленд, погодувајќи ги сите 8 негови обиди за 3 поени.

Remote video URL

Џерен Џексон Џуниор 15 од 29-те поени ги постигна во третата четвртина, Дезмонд Бејн додаде 20 поени и 14 асистенции, а Мемфис Гризлис го победија Њу Орлеанс Пеликанс со 139:126.

Расположен беше и Лук Кенард со 27 поени, а Дежонтеј Мареј со 26 поени ги предводеше Пеликанс. Треј Марфи III и Си Џеј МекКолум постигнаа по 22, а Џордан Хокинс додаде 20 поени.

Remote video URL

Портланд Трејл Блејзерс го победи Шарлот Хорнетс со 102:97 за четврта последователна победа.

Енферни Симонс постигна 27 поени, Џерами Грант додаде 22, а добар беше и Дени Авдија со 18 поени.

Ник Смит Џуниор постигна 17 поени, а Џош Окоги додаде 16 со 10 скокови за Хорнетс.

Remote video URL
Резултати:

Шарлот Хорнетс - Портланд Трејл Блејзерс 97:102
Филаделфија 76ерс - Кливленд Кавалирс 132:129
Мемфис Гризлис - Њу Орлеанс Пеликанс 139:126

Табела:

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Кошарка

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Read more

Шек за дебелиот Дончиќ: Подобар е од 99,9% од НБА бековите

Read more

Далас загуби од Филаделфија во првиот меч од пост-Дончиќ ерата

Read more

Далас го испрати Дончиќ со срцепарателна објава, познатите рапери го поддржаа трејдот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе

Никој не знаел или не сакал да ја активира: Кејн има клаузула - уште зимава можел да си оди од Баерн

Читај повеќе