Филаделфија Иглс го освои 59-тото издание на Супербоулот, лесно совладувајќи го Канзас Сити Чифс со резултат 40:22.

На овој начин тие се реваншираа за поразот во најважниот натпревар во сезоната пред две години и воедно го спречија Канзас да стане единствениот тим во историјата со три последователни триумфи на Супербоул.
Филаделфија беше подобриот противник на теренот уште од првиот напад, а Чифс во првото полувреме имаа само едне фрст даун и во тој период од мечот останаа на само 14 јарди.
Патрик Махоумс не наликуваше на неговите најдобри настапи, бидејќи на другата страна брилираше незапирливиот Џејлен Хртс, кој за прв пат ја обезбеди титулата МВП на Супербуол.
Исто така, Чифс не постигнаа ниту еден поен во првото полувреме, нешто што не ѝ се случило на ниту една екипа од 1989 година, па Иглс целосно го заслужија овој триумф.
THE @EAGLES ARE SUPER BOWL LIX CHAMPIONS! #SBLIX #FlyEaglesFly pic.twitter.com/IZQTMHGjxa
— NFL (@NFL) February 10, 2025
The difference two years can make pic.twitter.com/b1YeTljs8j
— Philadelphia Eagles (@Eagles) February 10, 2025