Филипче: 70 отсто од новите случаи се заразени со британскиот сој

Анализата на вирусот, односно на геномската секвенца, покажа дека 70 проценти од вкупниот број новодијагностицирани случаи на инфицирани со COVID-19 се заразени со т.н. британски сој на вирусот.

Сите овие денови вклучително и овие кои се пред нас, а тоа е викендот, ќе се анализираат состојбите во одредени градови, посебно конкретно во Кавадарци, Прилеп и Охрид и врз основа на тие анализи ќе видиме дали ќе се препорачаат некакви дополнителни рестриктивни мерки.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сега сме во една ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени и според последните пресметки, раст на РО факторот на преносливост на 1,3. Тоа што сега не можеме да бидеме сигурни, посочи министерот, е дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или е само некој мини бран кој се случува овие денови.

„Сведочиме секој ден дека има собири на јавни места и во угостителски објекти. Убавото време ќе натера многу наши сограѓани да не ги носат маските за жал и да не ги почитуваат мерките за препорачаната дистанца. Чекаме да заврши анализата по региони и да видиме дали ќе има некои мерки кои ќе се однесуваат на посебни градови и региони и нешто што ќе важи за територијата на целата држава. Целокупниот здравствен систем и пред се здравствените работници добро се справија, се реорганизираа и го постигнавме тоа што најмногу го сакавме, а тоа е ниту еден пациент да не остане без здравствена услуга, односно да биде сместен секогаш кога има потреба и индикација во здравствените установи“, додаде Филипче. 

реклама

Баљум Баљум и Тетово велоград

Read more

Кран го донесе огромниот кревет во новата вила на Роналдо

Read more

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Read more

Трикови кои треба да ги знае секој кој кампува

Read more

Македонија

Комисијата за заразни болести препорача продолжување на рестриктивните мерки

Read more

Облачно со повремен дожд и грмежи

Read more

Стигна првата пратка од 10.530 дози од вакцината Pfizer

Read more

Од утре аплицирање за поддршка на платите и детали за шестиот антикризен пакет

Read more
 

Вести

Австрија ќе испрати 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан

Читај повеќе

Америка ја чека пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Читај повеќе

Комисијата за заразни болести препорача продолжување на рестриктивните мерки

Читај повеќе

Облачно со повремен дожд и грмежи

Читај повеќе

Стигна првата пратка од 10.530 дози од вакцината Pfizer

Читај повеќе

Од утре аплицирање за поддршка на платите и детали за шестиот антикризен пакет

Читај повеќе

Филипче: Младиот Иле полека заздравува

Читај повеќе

Костадиновска Стојчевска тврди дека не сторила кривично дело, Битиќи со поддршка: „И јас сум Бисера“

Читај повеќе

СЗО ја продолжува меѓународната здравствена вонредна состојба

Читај повеќе