Филипче: Битката ја добивме, но војната уште трае

Министерот за здравство, Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која информираше за ситуацијата со коронавирусот во нашата држава.

На прес-конференцијата беше известено дека патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.

Министерот извести дека во на инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 43 пациенти, 2 се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 21 пациент, 4 на респиратор.

И на инфективните одделенија во Битола, Штип, Тетово, Охрид, Прилеп, Велес и Куманово се хоспитализирани 62 пациенти.

Вкупно направени се 22.255 тестови.

Сите здравствени лица ќе добијат награда од 20%, тука се вклучени и оние кои го вршат превозот, тестирањата, како и лекарите, сите медицински лица ќе бидат опфатени, потенцираше министерот Филипче.

„Со стого почитување на сите мерки ќе ја задржиме епидемијата под контрола. Започнуваме да живееме понормално, а ова може да го задржиме доколку ги почитуваме мерките и институциите спроведуваат контроли“.

Вирусот нема да исчезне, ќе биде тука сè додека не стекнеме имунитет, тоа значи дека мора да се навикнеме да ги почитуваме сите мерки и да се грижиме за своето здравје и за здравјето на другите, вели Филипче.

Сите треба да се прилагодат на новата реалност и само така ќе го враќаме животот во нормала, потенцираше Филипче.

Доколку доследно се почитуваат сите мерки, ќе има и понатамошна нормализација. Првата битка ја добивме но војната не е завршена, вели министерот.

Носење маска, држење дистанца и почесто миење на рацете се мерките коишто мора да ги почитуваат сите граѓани.

Филипче упати апел до граѓаните да се воздржат од групирање „за да им помогнеме на здравствените работници и да не пропаднат сите досегашни жртви“.

Прес-конференцијата е во тек.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Македонија

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more
 

Вести

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе