Филипче: Болничките капацитети се исполнуваат, примени пациенти и во модуларната болница

Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети во повеќе инфективни одделенија во државата, во болницата во Куманово, Штип, Струмица.

Почна да се полнат одделенијата во Кавадарци и во Гостивар. Во Прилеп и Битола се менаџира меѓу двата центри. Во Охрид добро се менаџира бројот на хоспитализации и тука има слободни болнички кревети. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат, тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час.

Ова вечерва го соопшти министерот за здравство Венко Филипче во вестите на Канал 5 телевизија, при што информираше за состојбата со болничките капацитети.

Филипче истакна дека нашата земја ги следи препораките на Светската здравствена организација.

– Мерките за заштита од COVID-19 мора итно да се донесат. Апелирам до сите пратеници да покажат одговорност и да ги изгласаат промените во Законот за заштита на населението од заразни болести што поскоро. Да се покаже единство, нека се донесе законот едногласно, за да се покаже колку е важно за сите граѓани почитувањето на заштитните мерки, истакна Филипче.

Додаде дека пред нас е најризичниот период од неколку месеци, есенски и зимски месеци во кои, како што нагласи, може да се комплицира епидемиската ситуација во земјата и со дополнителен број на случаи од други заболувања, сезонски грип и настинки.

– Почитувањето на мерките, носењето на маските и одржувањето на дистанца освен што значи заштита на сопственото, јавното здравје, здравјето на најблиските, значи и почит кон работата на здравствените работници кои деноноќно од почетокот се борат со оваа криза, рече Филипче. 

реклама

Македонија

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе