Филипче: Бројот на заразени во Скопје континуирано паѓа, но има нови случаи во неколку градови

Бројот на заразени со COVID-19 во Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во околината на Тетово, во околината на Гостивар, Штип, Ресен и Битола. Тоа сѐ уште ја одржува бројката на заразени нешто повисоко. Факторот на преносливост заклучно со вчерашниот ден, заклучно со викендот кога ги правeвме последните анализи е под 1 и многу е битно така да остане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување на мерките.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека мора сите да сфатат дека само со почитување на мерките ќе се извлечеме од оваа криза. Посочи дека слична е ситуацијата и во регионот каде бројот на случаи е во пораст.

– Така е секаде каде се попуштаат рестриктивните мерки, а не се почитуваат превентивните мерки. Граѓаните мора да сфатат дека маските мора да се носат и само така за пократко време ќе се спречи трансмисијата на вирусот. Анализирајќи ги општините, градовите, препорачуваме и посебни мерки. Затворање на повеќе конфекции во Штип сериозно влијаеше на намалувањето на факторот на преносливот, затворањето на неколку фабрики во Ресен исто така. Веројатно ќе беше бројот на заболени мнигу повисок ако не се изреагираше на тој начин, потенцира Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата во Козле.

На прашање колку луѓе може да зарази еден граѓанин со COVID-19 рече дека тоа зависи од повеќе фактори, прво дали е во рана фаза, од бројот на контакти. што ги има во еден ден и бројот на денови кои ги има со истите тие контакти.

– Некогаш кратка средба на дистанца не претставува никаков ризик посебно ако се носат заштитните маски, но секојдневна комуникација повеќе од четири-пет дена без дистанца, без маска со еден ист контакт значи висок ризик за трансфер на вирусот, нагласи Филипче.

Во врска со тоа дали на излекувани пациенти им се вратила болеста, истакна дека има еден случај кој треба да се потврди во Куманово.

– Во светот има такви потврдени случаи. На што се должи тоа сега во овој момент науката сѐ уште не одговорила со сигурност. Има некои иницијални докази дека станува збор за некаква форма на мутација на вирусот, каква е таа форма, дали е силна или послабо изрезена сѐ уште немаме доказ. Но, дефинитивно има потврда за појава на рецидив на болеста, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

реклама

Македонија

Чулев: Неопходно е изборите да бидат фер, слободни и демократски

Read more

165 нови случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Read more

Димитров: Сè уште нема препорака за затворање на границите со Србија и Косово

Read more

Oбјавени протоколите за спортски натпревари, музеи, галерии, промотивни настани и за меѓуградски превоз

Read more

Вести

Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Во Солун принудно слетал авион по пожар во пилотската кабина

Читај повеќе

Чулев: Неопходно е изборите да бидат фер, слободни и демократски

Читај повеќе

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Читај повеќе

Кочанчанец нападнал вработен во маркет откако не сакал да го напушти поради неносење маска

Читај повеќе

Скопјанец малтретиран поради долг од 4.000 евра

Читај повеќе

165 нови случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Во Шпанија и Романија откриени печатници за лажни банкноти

Читај повеќе