Филипче: Четворица се во критична состојба, се чекаат резултати за нови двајца

Министерот за здравство, Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која информираше за состојбата на пациентите кои се заразени од коронавирус во нашата земја.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

„Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања“, рече Филипче.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјава. По градови: Куманово 23, Скопје 12, Тетово 2, Битола 3, Струга 2, Штип 1, Прилеп 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на COVID-19 се регистрирани во: Скопје 175, Дебар 47 и Куманово 47, Штип 14, Тетово 10 и Прилеп 10, Струга 7, Велес 6, Битола 4, Охрид 3, Кавадарци 2, Гостивар, Крива Паланка, Струмица и Гевгелија 1.

Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на COVID-19. Се чекаат резултати за уште две лица, од кои едното тестирање е направено посмртно.

Во однос на болницата во Охрид, министерот истакна дека се откриени пропусти во односот кон пациентката од струшко која почина откако не беше згрижена во Охрид.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе