Филипче: Да се истражи и реши случајот со фондацијата „Допир“

Штип, 1 април 2019 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска од Штип повика истражните органи да го истражат и решат случајот со измамата на фондацијата „Допир“ која преку лажни приказни за болни деца украла 50 илјади евра од хумани граѓани.

Тој посочи дека за вакви случаи алармирале и претходно бидејќи по реакциите во јавноста дека  државата не дава пари за лекување на болни деца, сами го проверувале секој случај одделно.

„Ние јавно укажуваме дека на ниту едно дете, ниту на возрасен пациент, не му е скратено правото да се лекува во странство. Инициравме дури и проверки преку мобилните оператори дали станува збор за услуга што не се прави во нашата земја и дали воопшто постојат такви пациенти“, изјави Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа колкав е бројот на деца и возрасни пациенти на кои им е потребно лекување во странство, Филипче рече дека точниот број не го знае, но оти во текот на минатите години за лекување во странство се одвојувале од седум до осум милиони евра. Оваа сума, како што посочи, се намалува бидејќи како Министерство се обидуваат да ја зголемат експертизата на македонските лекари.

„Тоа веќе почна да се имплементира во две специјалности. Едната е кардиохиругијата каде благодарение на нашиот експерт кој доаѓа од Франкфурт, веќе на нашата Клиника се изведуваат и најсложените опрации. Досега седум до осум пациенти се третирани кај нас“, истакна Филипче.

Втората специјалност е трансплатацијата на коскена срцевина, а откако е воведена од Нова Година, како што посочи Филипче, ниту еден пациент не е испратен во странство. Најави дека во наредниот период ќе продолж експертизата на лекарите и во другите специјалости.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе