Филипче: Дел од граѓаните не се придржуваат до мерките, па и не веруваат дека вирусот постои

Б.С.Б.
/ 26.05.2020 / 19:54

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција порача дека единствено почитувањето на мерките за носење маска, одржување дистанца и честото миење на рацете ќе придонесат да запре ширењето на коронавирусот.

„Денеска се точно три месеци од дијагностирањето на првата пациентка со коронавирус, којашто дојде од Италија. Сега по три месеци сме на една раскрсница: дали постепено да го враќаме животот во нормала и граѓаните да се придржуваат до мерките за дистанца и заштита или пак, доколку мерките не се почитуваат агонијата да продолжи и по неколку месеци повторно да воведеме рестриктивни мерки. За жал, многу граѓани беа жртви и во ризик од оние граѓани кои овие мерки не ги почитуваа. Факт е дека вирусот нема да замине и ќе мораме да научиме да живееме со вирусот, но ќе мораме да се заштитиме со задолжително носење маска, одржување дистанца и често миење на рацете. За жал добар дел од граѓаните не се придржуваат до мерките, па и не веруваат дека вирусот постои. Ние со мерките продолжуваме понатаму и тоа е клучот со кој го враќаме животот во нормала. Целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Претходно и премиерот Оливер Спасовски нагласи дека одлуките се донесени врз основа на стручно мислење и од две, како што рече суштински причини  – состојбата е под контрола и бројот на активни случаи е стабилен. Зголемувањето на бројот на дијагностицирани во изминатите денови, рече, се должи на непочитување на рестриктивните мерки од претходната фаза и се познати кластерите. Втората причина за овие одлуки, нагласи премиерот, се должи на високото стручно и професионално ниво и подготвеност и, како што рече, ни дава за право дека здравствениот систем е поставен така да може да успешно да одговори на предизвиците.  Во нареден период нагласено ќе биде вниманието на актуелните жаришта.

Притоа Спасовски потенцираше дека треба да продолжиме да бидеме свесни дека сè уште може да се заразиме.

„Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет и додека да се најде вакцина“, рече Спасовски, додавајќи дека затоа е исклучително важна заштитата – физичката дистанца и носење заштитна опрема.

Вицепремеирот Бујар Османи се заблагодари за високото ниво на дисциплина, свест и саможртва што ја покажале граѓаните во сите овие недели на наметнати рестриктивни мерки. Со тоа, истакна, помогнавте да се зачува вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, но и станавте десна рака на здравствените работници со што значително им ја олеснивте нивната работа.

-Во целиот овој период имаше и одредени пропусти и прекршувања и критики кон нас во имплементацијата на рестриктивните мерки, но морам да кажам дека оваа закана  е невидена и претходно ниту еден граѓанин и држава не можеле да се подготват за вакви рестриктивни мерки. Не беше лесно ниту за Владата, ниту за граѓаните кои мораа да ги сменат своите навики, да ги  напуштат работните места, да се грижат за образованието на своите деца и да ги ограничат своите движења. Но, и покрај сето тоа и евентуалните мали пропусти успеавме од моментот на влез на овој вирус во нашата држава преку неговото ширење да воспоставиме контрола и предвидливост  и во ниту еден момент не излезе од контрола и од патеките на ширење кои беа предвдиени во нашата стратегија, рече Османи.

Тој како успех го потенцираше справувањето со вирусот во Дебар каде од најголема криза и рестриктивни мерки веќе нема позитивни случаи, како и во Куманово кога, потенцираше, со навременото тестирање и детектирање беше овозможено нормализирање на кривата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе