Филипче: До крајот на летото очекуваме колективен имунитет

Министерот за здравство Венко Филипче очекува дека со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото ќе се постигне колективен имунитет. Во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.

– Сега, со пристигнувањето на оваа значајно голема количина вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот Sinopharm и количината од 500 илјади вакцини од производителот Sinovac до крајот на мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канала што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај, ќе добијат термин за вакцинација преку СМС-порака или мејл, со точно време и пункт каде треба да се јават, рече Филипче.

Посочи дека се става приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелира граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот „Мој термин“ за да може понатаму да се креираат тие приоритети.

Нема никаков сомнеж во ефикасноста на ниту една вакцина, нагласи Филипче, и додаде дека Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови сега ги евалуираат и сите други вакцини од други производители кои засега од нив не се одобрени, а тоа, рече, ни укажува дека сите вакцини се ефикасни.

– Нема земја, освен некои ретки кои се производители на вакцини, каде што ексклузивно се користи само еден тип на вакцина од еден производител, тоа е навистина голема реткост и затоа и во нашите разговори со еврокомесарот Оливер Вархеји ни беше укажано дека за патување во ЕУ како еден од условите, кога станува збор за вакцината, ќе бидат прифатени сертификатите за вакцинација со вакцини одобрени и од ЕМА и од СЗО, а сега е постапката за буквално сите вакцини, додаде Филипче во интервјуто за РСЕ.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека за вакцините Sinopharm е платена доста повисока цена, тој одговара дека во тоа време таа цена била дури и пониска од онаа по која околните земји, како Србија, ја плаќале за кинеските вакцини.

– Опозицијата сама себе се фати во лага. Прво обвинуваше дека се платени над 12 милиони евра на некоја непостоечка компанија, па сега сфатија дека треба да нѐ слушаат и дека ние работиме јавно, отворено, транспарентно, па извадија документ од системот „Јавни финансии“, на којшто сè е јавно објавено. Значи, самите себе си си се демантираа дека ние сме платиле огромна сума на пари на некоја компанија за која никој во државава не знае, ниту пак сме имале контакт. Жалам што имаат таков став, што ги поткопуваат сите наши обиди да ја менаџираме кризата, што се обидуваат да фрлат дамка на каков било процес, рече министерот за здравство.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе