Филипче до Силјановска-Давкова: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вчера оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. На средбата се разговараше за актуелните политичките состојби во државата со фокус на партизацијата на безбедносните структури и евроинтеграцискиот процес.

Филипче на средбата изрази загриженост за ризикот од спојувањето на Агенцијата за национална безбедност со Агенцијата за разузнавање.

„Изразив загриженост и укажав дека сметам дека треба да реагира за некои работи кои сметам дека се во нејзина надлежност и ингеренции. Тоа е пред сè е партизацијата која се случува во дел од безбедносните структури. Укажав на ризикот што сметаме дека може да биде многу голем, доколку настане фузија на двете безбедносни агенции а се продолжи со ваква партизација, имајќи предвид дека сме имале такво лошо искуство во минатото, една таква гломазна партизирана институција може да се злоупотреби“, рече Филипче.

Во одговор на новинарско прашање а поврзано со спојувањето на безбедносните агенции, Филипче посочи, дека во времето на Владата на СДСМ се направи реформа и тие институции се поделени и професионализирани.

„Затоа сметаме и затоа реагираме дека треба да се запре партизацијата, што во овој момент се случува во Агенцијата за национална безбедност и дополнително сметаме дека обединувањето на агенциите од две во една навистина ќе направи една гломазна институција којашто тешко може да се контролира. Тоа и го укажав на претседателката денеска. И таа ги нотираше сите забелешки“, рече Филипче.

Remote video URL

Претседателот на СДСМ Филипче очекува дека ваквата форма на политички дијалог на претседателката на државата со опозицијата да прерасне во редовни средби.

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иран им се закани на земјите од ЕУ

Read more

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Read more

Македонија

Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски

Read more

Гаши: Мажите да научат дека машкоста не се зголемува со понижување, презирање и потчинување на жените

Read more

10 тони опасен хемиски отпад со години складиран во руиниран објект на Институтот за јавно здравје

Read more

Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата

Read more
 

Вести

Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски

Читај повеќе

Гаши: Мажите да научат дека машкоста не се зголемува со понижување, презирање и потчинување на жените

Читај повеќе
  • filter

10 тони опасен хемиски отпад со години складиран во руиниран објект на Институтот за јавно здравје

Читај повеќе

Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата

Читај повеќе

Трамп нападнал повеќе земји од кој било друг претседател на САД

Читај повеќе

Иран им се закани на земјите од ЕУ

Читај повеќе

Криза на машкоста: Кои мажи веруваат дека жената секогаш треба да го слуша својот сопруг?

Читај повеќе

Претседателката на Македонија: Зошто владеењето на правото се трансформира во владеење на насилните мажи?  

Читај повеќе

Зајкова: Не, колеги, насилството врз жените не е семејна работа, тоа е државна одговорност

Читај повеќе