Филипче: Еден починат и девет излекувани пациенти од Covid-19

Министерот за здравство, Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која информираше за состојбата на пациентите кои се заразени од коронавирус во нашата земја.

Министерот информираше дека од Клиниката за инфективни болести се испишани 9 пациенти, 8 од Дебар и 1 од Скопје кои после два негативни теста се упатени на домашно лекување.

Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Covid-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Состојбата по градови:

Kуманово (3)

Скопје (19)

Дебар (1)

Прилеп (1)

Тетово (1)

Крива Паланка (1)

На Клиниката за инфективни заболувања се примени 8 нови пациенти, сега има вкупно 47 хоспитализирани.

На механичка вентилација се поставени 3 пациенти помеѓу 50-67 годишна возраст, а на кислородна поддршка се 9 пациенти. Во другите градови состојбата на пациентите е добра со сосем лесна клиничка форма, информираше министерот.

- Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација се тестирани 46 вработени во заводот и 6 пациенти. Од нив позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Во текот на денот тестирани се уште 16 пациенти кои се хоспитализирани во Заводот. Заводот во Козле нема да работи во следниот период, а пациентите ќе бидат упатени во болницата 8 Септември, извести Филипче.

Од денеска работи уште еден пукт во Поликника „Чаир“, а од среда и пунктот во „Млин Балкан“ со што капацитетот на тестирање во Скопје се дуплира.

- Заврши и анализата на стручната комисија на приватните лаборатории. Со нивното вклучување капацитетот значајно ќе се зголеми. Имаме сосема голем број на тестови, 20 илјади тестови ќе пристигнат како донација, и уште 5 се донирани од наша приватна клиника, извести министерот.

Во врска со случувањата во изминатите 24 часа и во текот на викендот, Филипче рече дека има една почината пациентка во Општата болница во Струга која е донесена поради потешкотии во дишењето, имала и претходно хронична респираторна болест, направен е обид за реанимација, за жал починала. Но, како што нагласи министерот, таа не е дијагностицирана со коронавирус, но со оглед на сличноста на клиничката слика на оваа болест, непосредно по смртта е земен брис и кога ќе бидат готови резултатите ќе ја известат јавноста.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе