Филипче: Факт е дека се соочуваме со силен бран на епидемијата

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција извести за ситуацијата со COVID-19 во нашата држава.

Како што претходно беше објавено, денеска се регистрирани нови 103 случаи на коронавирус, 5 лица се починати.

Министерот Филипче изјави дека и по олабавувањето на мерките во државите во регионот се регистрираат нови случаи. Иако Словенија и Црна Гора неодамна прогласија крај на епидемијата имаат регистрирано нови случаи, во Србија има 60 нови случаи. Министерот кажа дека телефонски разговарал со министрите на Бугарија и Албанија за тоа како се справуваат со епидемијата и која мерки да се преземат.

- Согласно податоците од историјата на болеста, огромен процент од починатите од коронавирус се пациенти кои имаат претходни хронични заболувања. Според денешната статистика, од 193 починати лица, најголем дел се на возраст над 60 години, а кај 76 отсто се регистрирани бројни коморбидитети, како што се хронични болести, болести на кардиоваскуларниот систем, белите дробови и шеќерна болест, изјави министерот.

Целосно опремена е монтажната болница со тријажен центар. Медицински лица се пристигнати во Скопје за да им помогнат на колегите, вели Филипче.

„Факт е дека се соочуваме со силен бран на епидемијата, охрабрува тоа што повеќето се асимптоматски случаи и со лесна клиничка слика. Се надополнуваат капацитетите и важно е луѓето да ја сфатат сериозноста на оваа ситуација. Во болниците моментално се извршуваат само најважните интервенции“, изјави министерот за здравство.

- Маска, дистанца и почитување на протоколите е нешто што сите треба да го почитуваме, апелира министерот.

Прес-конференцијата е во тек и министерот одговара на новинарски прашања.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе