Филипче и Караџоски најавуваат нови рестрикции

Целосна забрана за организирање на настани, скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот и капацитетот во јавниот превоз да биде исполнет до 50 отсто се новите предлог мерки кои биле донесени на денешниот утрински состанок со Комисијата за заразни болести.

Како што изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче согласно важечките уредби со законска сила, потребно е да се направат законски измени за претходните мерки. Додаде дека законот е веќе во собраниска процедура и очекуваат следната недела да се изгласа во однос на предложениот пакет мерки како задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забраната за домашни посети, со цел како што рече, Филипче, инспекторите и Министерството за внатрешни работи да можат да постапуваат во однос на контрола и преземање санкции.

Рече дека во однос на капацитетите на болниците целосно е подготвена модуларната болница, таму се уште нема примено пациенти, но веќе се пристигнати лекарите и медицинските сестри од другите клиники.

Во однос на бројките на новозаразени Филипче напомена дека кај нас, но и во регионот и во Европа се зголемува бројот на новодијагностицирани случаи, што, како што посочи е нешто што се очекувало согласно есенскиот бран.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски, уште еднаш ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките со цел да не се оптовари здравствениот систем.

„Не можат ни 500 доктори, ни 500 медицински сестри да помогнат. Не можеме да измислуваме нови епидемиолози. Дајте една мерка која сите можеме да ја спроведеме. Не по 200, 300, туку можеме да одиме и до 1.000 случаи на ден. Предлогот наш ќе биде да се спречи секакво групирање“, рече Караџоски.

Тој потенцираше дека свадбите се забранети и дека никој не дал согласност за истите да се организираат, но додава дека на социјалните мрежи се гледаат како по четири лица седат на маса, добиваат сметка и на крај тоа испаѓа дека е свадба.

Апелираше да се почитуваат мерките.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе