Македонија

Филипче: Идентификувани сите патници кои патувале со патничката од Италија

26. февруари 2020 - 20:36 | Кајгана

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во 20:30 часот ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата.

Претходно, Филипче заедно со Оливер Спасовски и д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје на прес-конференција објави дека е потврден првиот случај на корона вирус во земјата.

Тројцата порачаа да се почитуваат препораките и дека нема причина за паника.

Тој објасни дека се идентификувани сите патници кои патувале заедно со заразената жена со корона вирус, станува збор за патници од Скопје и од Струмица.

Коментирај