Филипче: Кинеската вакцина е квалитетна и ефикасна

Кинеската вакцина Sinopharm, од која денеска во земјава пристигнаа 200 илјади дози и од вторник се очекува да започне масовната имунизација на населението, е подеднакво квалитетна и ефикасна и сосема безбедна, како и останатите, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Sinopharm во секој момент очекува одобрување за итна употреба од Светската здравствена организација (СЗО), но досега нема најави за нејзина регистрација од Европската агенција за лекови (ЕМА). Немаме најава дека кинескиот производител Sinopharm воопшто ќе аплицира во ЕМА. Но, тоа не значи дека вакцината не е квалитетна. Ги следиме студиите во коишто ефикасноста е исклучително висока и тоа за нас е сосема доволно, рече Филипче при гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Тој нагласи дека тоа што вакцината на Sinopharm не е одобрена од ЕМА, не е показател за нејзиниот квалитет или безбедност, додавајќи некои од производителите на вакцини не аплицираат во ЕМА, но нивната безбедноста и ефикасноста ги испитуваат во други контролни лаборатории.

– Не е тоа нешто што треба да загрижува, ниту пак е индикатор за безбедноста на вакцината. Кај нас се земаат предвид сертификатите за кои стручните лица сметаат дека се соодветни, а такви сертификати за квалитет кои ги издаваат и производителите и контролните лаборатории на барање на производителите ги имаат сите вакцини, дури и оние коишто во моментов од различни причини не се одобрени од ЕМА, додаде Филипче.

Северна Македонија е четврта земја во Европа што ќе ја користи вакцината на Sinopharm, по Унгарија, Србија и Турција, но, како што нагласи Филипче, таа се употребува во цела Јужна Америка, Мексико и речиси половина од земјите на африканскиот континент и во сите држави во Азија.

Министерот Филипче потенцира дека досега ниту една западноевропска земја, ниту САД, не ни имаат упатено никаков приговор поради одлуката за набавка на вакцини од Кина.

– Јасно и експлицитно, во нашите многу чести разговори со сите амбасадори на западноевропските земји и САД, беше кажано дека нашата земја треба да направи сè за што поскоро да стигнеме до вакцините и ние тоа го правевме, рече Филипче.

Според него, би било добар знак владините претставници да се вакцинираат со онаа вакцина, со која ќе се имунизира најголемиот дел од населението, а во сегашниов случај тоа е дозата на Sinopharm. Филипче нагласи дека лично апсолутно нема никаков проблем со која вакцина би се имунизирал, ниту пак преферира некоја посебно.

Запрашан дали ќе биде потребна и трета доза од вакцинација со Sinopharm, затоа што во светот се регистрирани случаи лица вакцинирани и ревакцинирани со таа вакцина да немаат антитела, Филипче одговори дека ќе се постапи онакака како што ќе излегуваат сознанија врз основа на анализите.

–  Точно е дека за некоја вакцина има детекција на антитела порано, за некоја нешто подозна, но кога се анализира ефикасноста и како тоа ќе се манифестира на целата пандемија, мислам дека допрва ќе видиме. Но, ефикасноста на сите вакцини коишто се во моментот на располагање е стопроцента во заштита од тешка форма на болеста, односно смртен исход, додаде Филипче. 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе