Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи повика на поголема внимателност и почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

„Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од COVID-19. Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете!“, порача Филипче.

Тој исто така потсети да не се заборава на актуелната епидемија кога сме на одмор.

„Ти си на одмор, но вирусот не е! Носи заштитна маска или марама кога не можеш да одржиш физичка дистанца. Да се заштитиме од ковид-19, да ги почитуваме мерките за да го стопираме ширењето на овој непредвидлив вирус. Да бидеме совесни за најблиските околу нас. Од самите нас зависи!“

Министерот исто така информира дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со COVID-19.

„Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус. Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!“, напиша Филипче на Facebook и ја сподели веб-страницата со информации за тоа кој и како може да дарува крвна плазма.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе