Филипче: Малиот Илче од Охрид здрав и расположен заминува во мал групен дом

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Facebook профил ја извести јавноста за здравствената состојба на малиот Илче од Охрид, кој беше десетина дена на лекување на Клиниката за детски болести.

Животната приказна на Илче ја потресе македонската јавност откако медиумите објавија за неговата лоша здравствена состојба. Илче е 11-годишно дете со церебрална парализа, претходно напуштено од неговите родители и незгрижено од институциите. Со помош на министерот Венко Филипче, детето беше донесено во Детската клиника, во лоша здравствена состојба. За него цело време се грижеа докторите и сестрите од Клиниката, со посебен план за исхрана.

Детето првин се хранеше преку сонда, а потоа почна самото да ги јаде оброците и да пие течности. Министерството за труд и социјална објави дека Илче ќе биде згрижен во мал групен дом откако ќе помине периодот на рехабилитација.

„Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него.

Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него!“, напиша министерот на Facebook.

 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе